„Боемска рапсодија“ – најпродавана филмска музичка биографија

55

Оскаровецот „Боемска рапсодија“ досега заработи 830 милиони долари на меѓународниот пазар и 71 милион долари од домашната, британска публика.
Филмот стана најпродавана адаптација на музичка биографија, кога неодамна ја надмина заработката од 900 милиони долари од продажба на кинобилети низ светот.

Во изминатиот период неочекувано се зголеми неговата популарност меѓу јапонската публика, и досега се инкасирани 144 милиони долари. Ова врвно остварување, посветено на животот на Фреди Меркјури, легендарниот пејач на групата „Квин“, го режираше Брајан Сингер. Според најавите, се планира и негово продолжение.

Според филмските критичари, „Боемска рапсодија“ наскоро ќе стигне и до
заработка од милијарда долари, со оглед на фактот дека филмот се прикажува во целиот свет.