Блуз-дуото Серафимов – Јовановски во „Амбрела“

62

Еден лекар, еден економист и шестмина професионални уметници и музичари, водени од желбата да направат нешто уникатно, не само во Македонија туку и во целиот регион, напролет ќе го организираат првиот акустичен блуз-фестивал кај нас, а парите од влезниците на главниот настан ќе се донираат во Одделот за онкологија на Клиниката за детски болести. Сите заедно го прават здружението на љубители на блуз-културата „Блуз-фамилија“, во кое ги обединуваат љубовта кон музиката, желбата за промовирање македонски блуз-артисти и хуманоста, да се помогне онаму каде што е најпотребно. Фестивалот е планиран за 28 и 29 мај 2020 година.

Вечерва како увертира на фестивалот, во скопскиот клуб „Амбрела“ како акустично блуз-дуо, ќе настапат музичарите Венко Серафимов и Љубиша Јовановски. Свирката почнува во 18.30 часот.