Битката за спас на пандите не им помогна на другите животни

45

Спасот на џиновските панди претставува еден од најголемите успешни акции за зачувување на некој животниски вид. Трудот правен со децении го спаси овој вид од исчезнување.

Меѓутоа, според новите истражувања, додека еден вид што живее на овие простори имаше корист од овие активности, за некои видови беше поразително.

Леопарди, снежни леопарди, волци и афричкото диво куче речиси исчезнаа од заштитеното подрачје.

Кина е дом на најголемиот снежен леопард во светот

Сечењето на шумите и криволовот ги донесе овие видови до изумирање, а нивното исчезнување може да доведе до големи промени и до колапс на екосистемот, тврдат кинески научници.

Без леопари и волци, елените и стоката ќе можат безгранично да шетаат и да нанесуваат штета на природните живеалишта, влијаејќи лошо и на другите диви животни, вклучувајќи ги и пандите.

Тимот истражувачи тврди дека е потребен поширок пристап за управување со екосистемот што го населуваат пандите, за кај останатите животни да нема последици.

-Тоа е крајно неопходно за да се зголеми отпорноста и одржливоста на екосистемот, не само за џиновските панди, туку и за другиот див свет – вели доктор Шенг Ли од Универзитетот во Пекинг.

За да го постигнат ова, истражувачите сметаат дека со строга контрола на криволовот и обнова на живеалиштата на животните кои јадат месо, ќе имаат успешни резултати.

Во шеесетите години на 20 век сите четири вида речиси исчезнале од овие простори. Леопардите ги снемало на 81 отсто од територијата, снежните леопарди за 38 отсто, волците за 77 отсто и азиското диво куче за 95 отсто.

Азиско диво куче

Бројките денес се уште пониски. На пример, азиското диво куче е снимено само четири пати, а постојат дури 8.000 надзорни станици и повеќе од 1,5 милиони снимки дневно. Истражувањето ги има опфатено податоци од 73 заштитени области, вклучувајќи 66 резервати на панди и правена е споредба со историските податоци од истражувањата, кои траат повеќе децении. Истражувањето е објавено во магазинот „Природа, екологија и еволуција“.