Бизнис Инсајдер: Топ-листа на градови во кои најдобро ќе заработите

136

Дојче Банк го објави годинешниот извештај во кој се споредуваат трошоците за живот во најголемите градови во светот и се анализира животниот стандард. Врз основа на тоа, Бизнис Инсајдер состави топ-листа од 25-те градови во кои најдобро се заработува.

На врвот се најде Цирих, каде што просечната месечна нето плата е 4.923 евра. Следува целата листа.

1. Цирих, Швајцарија – 4.923 евра,
2. Сан Францисцо, САД – 4.974 долари,
3. Њујорк, САД – 4.115 долари,
4. Сиднеј, Австралија – 3.343 евра,
5. Бостон, САД – 3.740 долари,
6. Осло, Норвешка – 3.130 евра,
7. Чикаго, САД – 3.650 долари,
8. Копенхаген, Данска – 2.957 евра,
9. Дубаи, ОАЕ – 2.944 евра,
10. Франкфурт, Германија – 2.895 евра,
11. Лондон, Велика Британија – 2.888 евра,
12. Мелбурн, Австралија – 2.787 евра,
13. Сингапур – 2.647 евра,
14. Амстердам, Холандија – 2.612 евра,
15. Токио, Јапонија – 2.566 евра,
16. Стокхолм, Шведска – 2.562 евра,
17. Хелсинки, Финска – 2.552 евра,
18. Велингтон, Нов Зеланд – 2.516 евра,
19. Париз, Франција – 2.465 евра,
20. Даблин, Ирска – 2.359 евра,
21. Окланд, Нов Зеланд – 2.325 евра,
22. Единбург, Велика Британија – 2.191 евро,
23. Хонг Конг – 2.178 евра,
24. Торонто, Канада – 2.519 долари,
25. Берлин, Германија – 2.120 евра.