Бидете внимателни за да не дехидрирате

65

Водата е извор на живот и виталност и сочинува околу 60 отсто од телото на еден возрасен човек и дури 70 отсто од детското тело. Водата нè придвижува и обезбедува нормален тек на сите процеси во телото и ја одржува неговата температура.
– Во време на голема топлина треба да пиете што е можно повеќе течности, но секој треба да го приспособи количеството на индивидуалните потреби – вели Кристина Сауер од германскиот универзитет за превенција и управување со здравството.
Количеството течност што секоја индивидуа треба да ја внесе во организмот зависи од неколку фактори. Теоретски, и додека седите на каучот или во вашата канцеларија, а температурата на воздухот и влажноста надвор се многу високи, можете да изгубите толку многу течност што на крајот ќе дехидрирате. Тоа може да резултира со намалени перформанси во работата и главоболки.

Според Европската организација за безбедност на храната, се препорачува возрасните да пијат околу половина литар вода на секои три часа од 9 до 21 часот или вкупно околу литар и пол до 2 литри вода. Се разбира, тоа се менува според специфичните индивидуални потреби, како што се бременоста и доењето или количеството физичка активност и температурата во околината.

Покрај губењето вода, за време на летото доаѓа и до губење на многу минерали како што се натриум, калиум и магнезиум, а најдобро е да се компензираат со консумирање природни сокови од овошје и зеленчук, незасладени билни и овошни чаеви, супи, чорби и медицински препарати – раствори за орална рехидратација и спортски пијалоци богати со електролити, витамини и минерали.