„Барањето игла во јагода“ ја вознемири Австралија

205

Жена од Австралија е обвинета дека, наводно, ставала игли за шиење во јагоди, во знак на одмазда, што предизвика слични инциденти по кои повеќе луѓе завршија во болница, а резултираше и со повлекување на овошјето од тезгите во Австралија, Нов Зеланд и во Сингапур, пренесува „Бизнис инсајдер“.

Случајот беше решен од полицијата на сојузната австралиска држава Квинсленд, со апсењето на педесетгодишна жена, која може да биде осудена на затворска казна до десет години.

Според медиумите, обвинетата работела како супервизор на фарма за јагоди во Квинсленд. Се верува дека обвинетата имала поплаки поради третманот што го добивала, а полицијата ќе работи на утврдување дали се работи за одмазда.
Таа беше уапсена откако нејзината ДНК, наводно, беше пронајдена во еден од садовите со јагоди во супермаркет во сојузната држава Викторија.

До средината на септември, делото предизвика низа слични инциденти, проширувајќи се и на други видови овошје, додека супермаркетите ги повлекоа од продажба јагодите.