Бараа изборни нерегуларности, открија пријателство меѓу шпионот и „првата ќерка“?

239

Поранешен британски шпион од МИ6, Кристофер Стил, е вмешан во истрагата на ФБИ за претседателските избори во САД од 2016 година, која откри и дека тој бил близок пријател со ќерката на американскиот претседател Доналд Трамп, Иванка, пренесуваат светските медиуми.

Поранешен британски шпиун, кој бил извор на ФБИ за истрагата на претседателската кампања во која се сомневаа за поврзаност на Трамп и Русија, бил пријател со неговата ќерка, Иванка, открива извор близок до претседателското семејство.

Пријателството помеѓу Стил и неидентификуван член на семејството Трамп беше изнесено во извештајот на генералниот инспектор на Министерството за правда на САД во понеделникот, според кој се разгледани деталите во кои ФБИ ја воделе истрагата во врска со вмешаноста на Русија во претседателските избори на САД во 2016 година.

Во поглавје од извештајот, во кој се разгледува односот помеѓу ФБИ и Стил како „доверлив човечки извор“, Стил вели дека тврдењата дека тој бил пристрасен кон кампањата на Трамп се „смешни“.

Стил објаснува дека тој бил „пријателски наклонет“ кон семејството веќе неколку години, а го посетил и неименуваниот член на семејството во Кулата Трамп во Њујорк. Изворот близок до семејството потврдува дека станува збор за Иванка Трамп.

Од Белата куќа одбија да дадат било каков коментар, а Стил исто така не одговара на прашањата во врска со нивната поврзаност.

Во својот извештај, Одделот за правда не најде докази за политична пристрасност од страна на ФБИ, но сепак спомена дека биле направени грешки. Трамп исто така го искритикува ФБИ во врска со случајот, кој беше преземен од поранешниот шеф на ФБИ, Роберт Мулер.

Се чини дека 22-месечната истрага не вроди со резултат кој беше очекуван од сите. Мулер открил неколку контакти помеѓу луѓе на Трамп и Москва, но не беа најдени никакви криминални докази доволни за да се поврзат во истрагата.