Бакнежот на Меланија Трамп и Џастин Трудо го „стопи“ самитот Г7

4917

Наспроти геополитичките, викендов беа забележани големи „љубовни тензии“ за време на самитот Г7 во Бијариц, Франција, откако неколку фотографии објавени на Интернет ги разгореа шпекулациите околу тоа „кој кого бакнуваше“ на самитот, пренесува „Раша тудеј“.

Фотографиите од бакнежот и „жешкиот поглед“ помеѓу првата дама на САД Меланија Трамп и канадскиот премиер Џастин Трудо предизвикаа бројни шпекулации и шеги на социјалната мрежа Твитер. 

Меланија Трамп (49) и Трудо (47) се најдоа во центарот на вниманието откако беа фотографирани како се бакнуваат во образ, но фотографијата оддава впечаток дека тие се подготвуваат за страствен бакнеж.

Ситуацијата предизвика бројни споделувања на фотографијата на Интернет и распространување на хаштагот „Меланија го сака Трудо“, (#MelaniaLovesTrudeau), кој беше предмет на бројни шеги на Интернет.

„Секој треба да си најде некој што ќе го гледа на начинот на кој Меланија го гледа Трудо“, гласи еден од коментарите на Твитер.

За да не остане покус, Трамп беше фотографиран како бакнува две дами на самиот Г7. Првата дама на Франција, Брижит Макрон, му даде бакнеж на образот на Трамп, што нејзиниот сопруг, францускиот претседател Емануел Макрон го проследи со насмевка.

Вниманието на јавноста го привлече и бакнежот помеѓу Трамп и германската канцеларка Ангела Меркел (65). На фотографијата може да се забележи како американскиот претседател со затворени очи и испакнати усни „зема залет“ за да ја бакне канцеларката.

Медиумите на шега ја истакнаа разочараноста бидејќи досега не дојде до бакнеж помеѓу Трамп и новиот британски премиер Борис Џонсон.