Астронаут шеташе во вселената, а има фобија од височина

702

Додека астронаутот на НАСА Џозеф Акаба се прошета во вселената за време на неодамнешното патување до Меѓународната вселенска станица, не му беше сеедно, со оглед на тоа дека има фобија од височина.

– Ако ги погледнете фотографиите, ќе забележите дека се држам за решетка. Потребно е да направите извесен напор додека шетате во вселената за да сфатите дека, сепак, сė е во ред и дека нема да паднете – рече Акаба во вселенскиот центар Стенис во Мисисипи, пренесува Асошиејтед прес.

Акаба ја даде првата изјава во јавност по враќањето на Земјата на 28 февруари.

Астронаутот, кој има поминато повеќе од 300 денови во вселената во три одвоени мисии, уште рече дека вселенските патувања за обичните граѓани многу брзо ќе станат реалност.