Археолози откриле совршено зачуван мозаик во Италија

134

Прекрасен и исклучително добро зачуван мозаик од антички Рим е откриен во малиот град Неграр, лоциран северно од Верона. На ова место пред сто години, археолозите пронашле вила стара 1.700 години. Мозаикот бил пронајден под лозје во ридско подрачје.

По откритието во 1922 година, кога првпат било откриено дека има римска вила во близината на Верона, за која се верува дека датира од третиот век, aрхеолозите со децении се обидуваат да откријат што било поврзано со оваа вила.
Властите во градот Неграр ди Валполичела, каде што се случи откритието, објавија слики на Фејсбук.

– По децении обиди и неуспеси, дел од подот и темелите на римската вила северно од Верона, која научниците ја откриле пред повеќе од 100 години, сега е ископани. Надзорникот ќе разговара со сопствениците од областа и со општината за ова археолошко богатство на најсоодветен начин да се направи достапно и да се заштити – напишаа тие.