„Аркуп“, куќа на вода – идеална за изолација

39

Пловечката вила „Аркуп“ е прва куќа-јахта на светот. Станува збор за луксузна вила, која може да плови на море, но и да стои на едно место, со помош на хидраулични столбови, кои се подигаат приближно 9 метри над водата.
Има максимална брзина од седум јазли и дострел до 20 наутички милји.

Направена е од стакло, од подот до таванот, кое е толку цврсто што може да издржи и ураган. Сепак, на покривот има соларни плочи, кои произведуваат доволно електрична енергија за сите евентуални потреби. Освен тоа, има контејнер за собирање на дождовницата, како и прочистувач за вода.
Оваа екокуќа е дело на француските инженери Деруин и Арнод Луге, кои живеат во Мајами.