Аргентинскиот филм „Обвинета“ пристигнува во кината

90

Аргентинскиот трилер „Обвинета“, наскоро пристигнува во киносалите низ светот. Ова остварување беше прикажано на филмските фестивали во Торонто, Венеција и во Белград, каде што беше номинирано за најдобар филм.

Главните улоги ги толкуваат Гаел Гарсија, како Бернал и Лали Еспосито, која ја игра Долорес Дреер, студентка, чиј живот се менува по свирепото убиство на нејзината пријателка. Две години подоцна, единствено таа е обвинета за ова злосторство и е под голем медиумски притисок. Секој има мислење за нејзината невиност или вина.

Долорес дома се подготвува за изолираното судење, а нејзиното семејство прави сѐ за да ја одбрани. Но како што напредува процесот, некои тајни и сомнежи се појавуваат меѓу членовите на нејзината фамилија.