Антителата од ламите штитат од ковид-19

477

Истражувачите сметаат дека антителата од ламите би можеле да помогнат да ги заштитат оние што досега не биле заразени со коронавирусот, пренесе „Гардијан“.
Според студијата објавена во научното списание „Сел“, антителата во крвта на ламата може да обезбедат заштита од коронавирусот. За разлика од луѓето, ламите имаат мали антитела, кои можат да навлезат во протеините на вирусите, кои, пак, се премногу мали за човечките антитела, што им помага да се справат со заканата што доаѓа од нив. Истражувачите се надеваат дека антителата од лама може да им помогнат на луѓето што сè уште не се заразиле со вирусот.

Претходно беше докажано дека антителата на ламите можат да се борат против САРС и МЕРС, па затоа научниците помислиле дека тие би можеле да бидат ефикасни и во борбата против ковид-19. Ова се покажало како точно, барем на клеточно ниво, а следниот чекор се клиничките испитувања, на кои истражувачите во моментов работат.
За сите љубители на лами, оваа вест не е изненадување – овие животни се познати по нивната улога во третманот на разни болести, а неодамна е испитан и нивниот потенцијал во борбата против ХИВ и други вируси.

– Покрај тоа, многумина веруваат дека лековитата моќ на ламите ја надминува онаа на микроскопско ниво и дека овие животни имаат способност да ги смират луѓето и да ја намалат нивната анксиозност. Ламите и луѓето се природни сојузници. Од ламите луѓето имаат повеќекратни придобивки, дури и нивната крв е корисна за нас – тврди Џорџ Калдвел, кој одгледува лами во Сонора, Калифорнија.