Американските забави за откривање на полот на децата стануваат опасни по живот

138

Кристофер Пекни (28) од градот Либерти во американска сојузна држава Њујорк починал од експлозија на апаратот што го правел за забава на која требало да се открие полот на неговото дете, пренесуваат медиумите.

Полицијата соопштила дека Пекни загинал во експлозијата и дека неговиот помлад брат Мајкл бил повреден и пренесен во болница.

Забавите за откривање полот се одржуваат кога родителите дознаваат дали ќе добијат момче или девојче.

Кристофер Пекни

Полицијата не прецизираше кој уред ја предизвикал експлозијата. Државниот полициски оддел во државата Њујорк и единицата за отстранување бомби го испитуваат инцидентот. Портпарол на државната полиција за „Њујорк Тајмс“ изјави дека уредот се состои од некаква цевка, без да даде дополнителни детали.

Во интервју за весникот, најстариот брат на Пекни, Питер, го опишал она што се случило како „најлудата несреќа што можел да ја замисли“. Тој не знаеше што ја предизвикало експлозијата.

Смртта на Пекни е последна во низата катастрофи кои со години се поврзуваат со забави кои го откриваат полот на детето, кои често се одбележуваат со огномет и обоени чадни бомби. Но, неколку големи забави тргнале во лош правец и неколку луѓе биле убиени.

Еден човек од Мичиген бил убиен на почетокот на овој месец откако бил погоден од шрапнел од „мал уред како топ“ испукан за време на прославата, соопштила полицијата. Пожари избувнале на уште две забави за откривање на пол во Калифорнија во септември минатата година и во Аризона во април 2017 година. Во пожарот во Ел Дорадо во Калифорнија изгореле повеќе од 19.000 хектари земјиште, биле уништени многу куќи и стотици луѓе морале да ги напуштат своите домови.