Американец што се обидел со поткуп да ја депортира сопругата заврши во затвор

102

Антонио Бургос од Портланд бил осуден на четири месеци затвор откако се обидел да потплати агент на царинската американска агенција за имиграција со цел да ги депортираат неговата сопруга и нејзината ќерка, пренесува магазинот „Индипендент“.

Бракот на Бургос пропаѓал и тој затоа пристапил на агент во близина на границата меѓу сојузните држави Орегон и Вашингтон во мај, и му понудил три илјади долари за тие да ги депортираат во Ел Салвадор неговата сопруга и нејзината ќерка која е од претходна врска.

Наместо да ги прифати парите за поткупот, агентот договорил средба со Бургос по што тој бил уапсен од страна на Одделот за национална безбедност и осуден на четири месеци затвор за поткуп на јавен службеник.