Американец доби одговор на писмо старо 23 години

163

Ендрју Пиотровски од Илиноис како седумгодишно момче преку црквата во која одело неговото семејство испратил писмо и подароци до друго непознато дете.

– Поздрав, моето име е Ендрју! Се надевам дека ти се допаѓаат играчките. Имам седум години и сакам кошарка. Сакаш ли и ти да си играш? Среќен Божик – стоело во писмото.

Иако испраќачот тогаш не знаел, писмото и подарокот ги добила Кристина Бруњаи од Хрватска, која пред еден месец го побарала преку Фејсбук.

– Ми се случи нешто навистина неверојатно. Добив порака на Фејсбук од некого кого не го познавав, бидејќи сум внимателен околу овие работи планирав да ја избришам пораката. Меѓутоа бев љубопитен да ја видам фотографијата, која ми ја испрати. Излезе дека подарокот и писмото ги добила Кристина од Хрватска, која ги зачувала во текот на годините. Таа ми кажа дека ги добила за време на војната и дека имаат големо значење во нејзиниот живот – објави Пиотровски на Фејсбук.

Според него тоа е доказ дека влијаеме едни на други многу повеќе отколку што мислиме и затоа треба со добрина да се однесуваме меѓу нас.