„Амазон“ воведе домашен дрон што се користи како аларм

80

„Амазон“ направи дрон со мали димензии што има вградена камера и кој може да се користи во внатрешноста на куќа или стан. Првенствено е употреблив како алармен систем што се активира во случај на провала.
Ако се случи кражба, системот се активира, односно дронот почнува да лета. Поврзан е со мобилниот телефон на кој се емитува снимката, па можно е да се види кој ја извршил провалата, објави „Скај њуз“.
Од „Амазон“ тврдат дека камерата на дронот се вклучува само кога ќе започне да лета, а дека дотогаш е исклучена. Тие посочија дека дронот може да се движи по однапред одредена патека или може да се контролира во дадено време. Тој чини 250 долари и засега ќе се продава само во САД.
Меѓутоа, многумина предупредија на можните негативни последици од користењето таков уред. Некои од организациите за човекови права сметаат дека уредот може да ја наруши приватноста, односно да овозможи контрола врз луѓето.