Техно

Кинеската компанија „Вајлен“ разви роботско куче наречено Алфадог. Тоа е опремено со сензори и вештачка интелигенција, што му овозможува да извршува голем број функции. Кинескиот робот е многу сличен на Спот, роботското куче произведено од „Бостон дајнамикс“. Станува збор за робот на четири нозе, кој е повеќе за комерцијалниот пазар отколку за деловни корисници.
– Многу личи на вистинско куче – вели Ма Џи, еден од шефовите на компанијата „Вајлен“.
Кучето-робот може да се движи со брзина до 15 километри на час, што значи дека е најбрзиот робот на пазарот. Тој е многу стабилен и може да ги предвиди видот и висината на подлогата и да се приспособи на неговата околина. За да може роботот да функционира автономно, тој користи 5Г-технологија. Продажбата во Кина веќе започна, а во текот на првиот месец беа продадени над 1.800 роботи. Цената на едно роботско куче е 2.400 долари. Од компанијата се надеваат дека нивното куче-робот наскоро ќе може да им помогне на лицата со оштетен вид.
– Помагањето на лицата со оштетен вид е важна насока за нас. Кога роботот ќе добие функција на вид, слух и дијалог, тој ќе може лесно да комуницира со лица со оштетен вид, да ги одведе до автобуска станица, супермаркет и слично – додава Ма.