Алигатор усмрти жена додека го шетала кучето во Јужна Каролина

213

Една жена смртно страдаше во напад на алигатор додека го шетала своето куче во престижниот станбен кварт Хилтон Хед во Јужна Кариолина, објавија локалните власти.

Жената вчера го шетала кучето покрај лагуната кога алигаторот ги нападнал, а додека го спасувала кучето, алигаторот ја одвлекол под површината на водата, рече Дејвид Лукас, портпарол на канцеларијата за природни богатства на Јужна Каролина.

Сведоци опишале дека алигаторот бил долг околу 2,4 метри. Спасувачите по пристигнувањето ја затекнале жената мртва во водата.

Кучето минало без повреди.