Актерите убедливо поплатени од актерките

170

Заедно првите 10 актери заработиле 748,5 милиони долари, додека збирот на жените
е 186 милиони долари, дури една четвртина од сумата на актерите

Актерка Скарлет Јохансон е најплатената актерка во Холивуд, според списанието „Форбс“. Во изминатата година Скарлет заработи 40,5 милиони долари, од 1 јуни 2017 до 1 јуни 2018 година.
Додека, кога станува збор за актери, Џорџ Клуни е на врвот на листата на највисокорангираните актери на годината, составена од списанието Форбс за САД. За 12 месеци, 57-годишниот Џорџ Клуни заработи 239 милиони долари. Покрај надоместоците за кино, актерот заработи значителни приходи од продажбата на неговата компанија „Касамигос текила“, односно 1 милијарда долари.

Втор на ранг-листата е Двејн Џонсон, познат како Д Рок, кој заработи
124 милиони долари. Тој се најде во оваа позиција благодарение на своето учество во успешниот филм „Џуманџи: добре дојдовте во џунглата“. Голема улога во неговите договори играат и социјалните мрежи, на кои го следат милионите луѓе.
Трет на листата е Роберт Дауни Џуниор со 81 милион долари. Најголем дел од неговата заработка беше обезбеден од снимањето на „Одмаздници: војна на бесконечноста“.
Следен во рангирањето на „Форбс“ е Крис Хемсворт, со 64,5 милиони, кој досега заработи најмногу во својата кариера. Најголема заработка има благодарение на Марвел, односно филмот „Тор – Рагнарок“.

По него е Џеки Чен, со 45,5 милиони, што го прави најголема ѕвезда во Кина. Глумел во шест филма, а има приходи и од реклами и од сопствените кина.
Вил Смит е на шестото место, со 42 милиони, следува индиската ѕвезда Акшај Кумар со 40,5 милиони. На листата се и комичарот Адам Сендлер, со 39,5 милиони, Индиецот Салман Кан, со 38,5 милиони, и Крис Еванс со 34 милиони долари.

Инаку, кога станува збор за листата на актерките, веднаш по Скарлет Јохансон е Анџелина Џоли, со 28 милиони долари. На третото место се најде Џенифер Анистон, која заработи 19,5 милиони долари. Понатаму во рангирањето, на четвртото место е Џенифер Лоренс, со 18 милиони долари, Рис Витерспун со 16,5 милиони долари, Мила Кунис со 16 милиони, Џулија Робертс со 13 милиони, Кејт Бланшет со 12,5 милиони, Мелиса Мекартни со 12 милиони и Гал Гадот со 10 милиони долари.
Списанието ги пресметува заработените пари на актерките за периодот од 1 јуни 2017 година до 1 јуни 2018 година. Десетте најплатени актерки во светот во текот на овој период заработиле вкупно 186 милиони долари.

Како што може да се забележи од двете листи, актерите се многу поплатени, дури и во Холивуд, и критичарите сугерираат дека овој факт треба да се промени.
Првата на листата на жените, Скарлет (40,5 милиони), заработила дури помалку од шестиот од листата на мажите, Вил Смит (42 милиони). Заедно првите 10 актери заработиле 748,5 милиони долари, додека збирот на жените е 186 милиони долари, дури една четвртина од сумата на актерите.