Ако не ја знаеш лозинката, не можеш да влезеш во Трговиште

38

Жителите на еден град во Романија биле изненадени откако за да влезат во градот, полицијата им побарала лозинка, пренесува „Јуроњуз“ .

Ова се случило во градот Трговиште, на 75 километри северозападно од Букурешт, за време на митингот на социјалдемократската партија. За време на митингот биле затворени 14 улици. Полицијата најавила дека тие ќе бидат затворени, но граѓаните не верувале дека мерките ќе одат толку далеку.

Откако бил запрен на влезот на градот, еден жител бил зачуден бидејќи му е потребна лозинка или специјална пропусница, со цел да може да вози со својот автомобил во градот за време на митингот.

Подоцна, полицијата соопштила дека потребната лозинка, всушност, била за влезот на митингот, а не за влезот во самиот градот.