Австријците ќе потрошат дури две милијарди евра за Божиќ

23

Трката за божикни подароци е во тек, а се проценува дека Австријците ќе потрошат рекордни две милијарди евра на Божиќ оваа година.

Проценката на Здружението на мали и средни претпријатија (КМУ Австрија) поаѓа од тоа дека годинашното трошење ќе биде поголемо за 1,5 отсто во однос на лани.

Така, се очекува за божиќни подароци да бидат потрошени 1,66 милијарда евра, а вклучувајќи го и трошењето на божиќните пазари, Австријците ќе потрошат вкупно 2 милијарди евра за божиќните празници оваа година.

Оваа година Австријците почнаа да купуваат божиќни подароци многу порано, веќе првата сабота во адвентот.