Австралиска манекенка пронајдена мртва во Грција

136

Младата австралиска Инстаграм манекенка Синејд Мекнамара која беше пронајдена без свест на суперјахтата на мексиканскиот бизнисмен Алберт Бајлерес вo Joнскoтo Moрe, најверојатно се самоубила, соопштија грчките власти.

Таа веднаш била пренесена во болница во Aтина, но починала за време на летот кон грчката престолнина.

Мекнамара, која потекнува од Нов Јужен Велс, четири месеци работела како хостеса на јахтата Мајан Квин 4. Две недели пред смртта, таа на Инстаграм објавила слика со вознемирувачки коментар: „Не знам каде ми е главата. Вратете ме во времето кога единствената мисла не ми беше како да си го прснам черепот“.

– Земајќи ги предвид фактите, таа сама си го одзела животот. Очекуваме тоа да го потврди и обдукцијата наредниве денови – изјави претставник на властите.