Австралиската филмска индустрија го претекна Холивуд во воведувањето на превентивни мерки

59

Додека холивудските синдикати и филмските студија сè уште размислуваат околу протоколите за безбедно враќање на работа среде пандемијата на коронавирус, австралиската филмска и ТВ индустрија ги објави своите протоколи за безбедност што ќе го овозможат враќањето на работа, пренесува „Дедлајн“.

Упатствата на 41 страници претставуваат најобемни и први официјални протоколи-препораки на една држава до денес, со детално обработен секој аспект на работата.

Наведено е дека препораките би можеле да се менуваат како што се спроведуваат најдобрите практични примени на упатствата кога проектите ќе се вратат во продукција.

Предвидено е „Соседи“ да биде првата суспендирана телевизиска серија од англиско говорно подрачје, која со протоколите за безбедност може да започне со снимање.