Австралиската банка направи печатна грешка вредна 2,3 милијарди долари

311

Печатна грешка била испечатена 46 милиони пати на австралиски банкноти од 50 долари. Медиумите јавуваат дека новата банкнота од 50 австралиски долари стигна до граѓаните со голема печатна грешка во ситните испечатени букви.

Австралиската банка за резерви погрешно го напишале англискиот збор „одговорност“ („респонсибилтy“ наместо „респонсибилитy“), заборавајќи ја буквата „и“. Околу 46 милиони од овие испечатени банкноти се во употреба во земјата.

Вкупната вредност на банкнотите со печатна грешка, кои биле пуштени во употреба во октомври минатата година, изнесува 2,3 милијарди долари.