„Цветинова награда за мир” денес му беше доделена на новинарот и текстописец Ѓорги Ѓоргиовски, а му ја врачи уметникот и хуманист Живко Поповски- Цветин, во фондацијата „Никола Кљусев”.
Пред присутните Ѓоргиовски ја претстави и својата книга со песни „Македонијо, гордост моја”, а ја изрецитира и „Везилка” од Блаже Конески, во чест на стогодишнината од неговото раѓање.
Во контекст на јубилејот, шаховскиот велемајстор Димитар Илиевски со доктор Људмил Кљусев одиграа реми-партија, како дел од стоте натпревари посветени за Конески, кои ги одигрува оваа година.
„Цветинова награди за мир” неодамна ја востанови Живко Поповски- Цветин, хуманист, уметник и поранешен кандидат за Нобелова награда за мир, а се доделува на значајни личности од општествениоти културниот живот.