Обоистот Томе Атанасов ја започнува својата солистичка триесетдневна турнеја во Шпанија и во Франција, како солист на Камерната филхармонија на Келн. Тој ќе исполни по два соло-концерта од Бах и од Вивалди во една вечер. Тој е долгогодишен солист на овој оркестар и оваа успешна соработка се потврдува и годинава.
Томе Атанасов (1984 година) во 2002 година добил стипендија на летната музичка академија „Интерлохен артс академи“ во САД, а од 2003 година продолжил да се усовршува во таа академија.