Во вторник, 15 јануари, 2019 г. со почеток во 20 часот, во Македонската опера и балет ќе биде изведена балетската претстава „Самсон и Далила“, на музика на Камиј Сен-Санс.

„Самсон и Далила“ е во кореографија на Роналд Савковиќ (Хрватска), додека во насловните улоги ќе настапат: Александра Мијалкова и Васил Чичијашвили (Грузија). Во улогата на Крв: Саша Ефтимова, Месо: Ендру Кук (Англија), Церемонијал мајстор: Мирослав Митрашиновиќ и Смрт: Олга Панго.

Претставата „Самсон и Далила“ обработува библиска приказна за вечната борба помеѓу доброто и злото.