Вечерва, со почеток во 19 часот, во домот на културата „Кочо Рацин“ (Нов салон), ќе се одржи промоција на новата поетска збирка на Оливера Доцевска „Раѓање на денот“, во издание на Центарот за култура и културолошки студии (ЦККС) од Скопје. За поезијата на Доцевска ќе зборуваат Мишел Павловски и Марина Мијаковска. Пиеса во стихови од авторката ќе презентираат актерите Мики Јаневски и Симона Атанасовска. Новата збирка поезија на Доцевска тематски се надоврзува на онаа традиција што го промислува односот меѓу општеството и поединецот. Новината во визијата на Доцевска е метафората на веќе создаденото ново време преку тешката преродба на поединецот, односно преку приказот на маките на сопственото раѓање видено низ призмата на натсвесностa.