На 4 ноември 2020 г., со почеток во 20 часот, на сцената на Националната опера и балет ќе се одржи оперски гала-концерт, настанот е во рамките на фестивалот „Есенски музички свечености“. Диригент е Иван Еминовиќ. Настапуваат оперските солисти: Марјан Николовски, Марјан Јованоски, Елена Голомеова, Драган Ампов, Ристе Велков, Билјана Јосифов, Десанка Глигоријевиќ, Наде Талевска Спасовска, Ирена Кавкалевска, Зоран Сотиров, хорот и оркестарот на Националната опера и балет. Режисер е Дејан Прошев, концерт-мајстор е Јане Бакевски, хор-мајстори се Јасмина Ѓоргеска, Ѓургица Дашиќ.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска.
Влезот за публика ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот.