Величенственото дело „Боеми“ на Џакомо Пучини ќе биде изведено на 22 мај, со почеток 20 часот, под диригентската палка на Оливер Балабурски, а во режија на Дејан Прошев.

Во улогата на Родолфо ќе настапи добро познатиот тенор Иван Момиров од Бугарија.
Цветелина Василева од Бугарија со својот уникатен лирско – драмски сопран ќе ја изведе улогатана Мими. Таа има богата музичка кариера настапувајќи низ најпрестижните оперски куќи како што се Метрополитен во Њујорк, Кралската опера „Ковент Гарден“, Државната опера на Берлин и многу други низ целиот свет.

Валдис Јансонс од Латвија ќе настапи како Марчело, Андреа Ѕаупа од Италија во улогата на Шонар, додека заводливата Мизета ќе ја толкува Катерина Стојановска, а Владимир Саздовски ќе ја игра улогата на Колин.