Фестивалот „Десонанз“ ќе биде затворен вечерва во МКЦ со изведба на уникатниот перформанс концепиран од македонската балерина Ивана Коцевска под наслов „Кинтсуги“, со почеток во 20 часот.

Освен Коцевска, во перформансот улога има и Валентино Апостоловски. Музиката е на Димитар Николов, костимографијата на Милена Атанасова.

Програмата ќе продолжи со настап во живо на германскиот електронски автор Oаке, по кој ќе следува француското електронско дуо Parhelic Shell.

Билетите се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk по цена од 200 денари. На врата цената на билетот ќе изнесува 300 денари.