Ремек-делото на Николај Римски Корсаков „Шехерезада“, во концертна изведба на Оркестарот на Националната опера и балет, ќе биде изведено вечерва со почеток во 20 часот, под диригентската палка на Бисера Чадловска.
Оркестарот на еден поинаков начин ќе ја преточи оваа безвременска бајка, преку прекрасната музика што води во светот на ориентот.
Настанот ќе се одржи според протоколите предвидени со моменталната состојба предизвикана од пандемијата на ковид-19 за одржување настани, одобрени од Комисијата за заразни болести. Задолжително е носење заштитна маска.
Влезот за публиката ќе биде отворен еден час пред почетокот на настанот. Билетите се во строго ограничен број.