Комичната опера во еден чин „Рита“ од Гаетано Доницети ќе биде изведена на малата сцена во Националната опера и балет, во вторник со почеток во 20 часот.
„Рита“ е приказна за младата и убава Рита, вплеткана во сплетките и интригите на брачните недоразбирања со комичен, но среќен завршеток.
Солистичка екипа ја сочинуваат Александра Лазаровска Василевски како Рита, Јане Дунимаглоски, Кристијан Антовски и Борко Биџовски.

Режисер е Трајко Јордановски, а диригент Андрејa Наунов.