Националната опера и балет ви ја најавува моќната изведба на најпопуларната сценска
кантата „Кармина Бурана“ од германскиот композитор Карл Орф.

На 27 ноември со почеток во 20 часот публиката ќе може да дојде и да ужива на средба со страста, љубовта и животните радости, како и вечниот сон за среќата, владетелка на светот.

Кармина Бурана со години го привлекува вниманието како на режисерите и кореографите, така и на бројната публика која постојано ја бара на тековниот репертоар.

Солисти на операта: Наде Талевска, Горан Начевски, Дејан Стоев.
Солисти на балетот: Марија Кичевска Шокаровска, Ивана Коцевска, Саша Евтимова, Игор Веланоски и Мирослав Митрашиновиќ.
Диригент е Емир Нухановиќ од Босна и Херцеговина.
Настапуваат хорот, оркестарот и балетскиот ансамбл на Националната опера и балет.