По повод Денот на градот, во Ликовната галерија на ЦК „Марко Цепенков“, денеска напладне во Прилеп е отворена изложбата на дела создадени на годинашната ликовна колонија „Дрен“. Изложени се над 20 дела, од сликарите Мирослав Живковиќ и Снежана Малетин од Србија, нашите уметници Мирјана Крстева Масети, Александра Петкова-Џианели, Буба М. Солак, Драган Најденовски, Новица Трајковски, Тони Чатлески, Стефан Малбашиќ и скулпторите Слободан Милошески и Марјан Стојаноски.
Досега на колонијата, во изминатите 13 години, се создадени околу 350 дела, кои се во трајно наследство на центарот и на државата. Ка.М.