Главната награда „Златна палма“ на овогодишниот Кански филмски фестивал е доделена на јужнокорејскиот режисер Бонг Џун-хо за црната комедија „Паразит“.

Наградата за најдобра режија им е доделена на браќата Дарден за филмот „Младиот Ахмед“, а филмот Portrait Of The Lady On Fire доби награда за најдобро сценарио.

Наградата „Гран при” му припадна на филмот „Атлантис“ на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп.

Антонио Бандерас за улогата во филмот на Педро Алмодовар во филмот „Бол и слава“, ја доби наградата за најдобар актер, додека за најдобра актерка е прогласена Емили Бичем за улогата во филмот „Малата Џои“, приказна за еден научник кој се занимава со ефектите од генетски модофицираните растенија.