Вечерва, свечено во 19 часот, на градскиот плоштад со фанфари ќе биде означен
стартот на традиционалната манифестација „Кавадаречка културна есен“ која годинава ќе биде под мотото „Дојди види, па раскажи“.

Според директорката на „Домот на културата“ Јулијана Туриманџова годинава манифестацијата ќе биде во знакот на одбележувањето на 90-години театар во Кавадарци со што покрај изложба на фотографии од театарски претстави предвидено е до 15 ноември да се прикажат повеќе театарски претстави во рамките на „Месец на театарот во Кавадарци“.

Според програмата на манифестацијата вечерва на градскиот плоштад настапува
фолклорниот ансамбл „Тиквеш“ и хорот и оркестарот на народни инструменти при ООМБУ „Лазо МИцев Рале“. Утревечер од 19.30 стартува вечерта посветена Тоше Проевски со концерт и настап на МАД&М8 и Пикси-Ване. Љубителите на театарот во четврток ќе можат да ја проследат претставата „Од кол на кол“ во режија на Диме Коцевски а во петок се случува долгоочекуваната премиера на детската претстава „Снежана и 7-те џуџиња “ во режија на Микица Илова.

Наредните денови во соработка со учениците од основните и средните училишта во Домот на културата ќе се реализираат работилници од областа на драмската уметност. Фолклорната дејност и фотографијата. Наредниот вторник 22 Октомври ќе биде промовирана книгата „Маалски прикаски“ на Синиша Станковиќ од Скопје а за 25 октомври закажана е изложба на ликовниот уметник од Неготино Илија Спасов Чендо.

Од областа на филмот предвидени се две филмски проекции и тоа на 29 Октомври
детскиот филм „Двојна неволја- магичното огледало“ , проект „Готвиме филм, сликаме филм и гледаме филм“ а за 14 ноември долгоочекуваната проекција на документарно играниот флм „Медена земја“. Во рамките на проектот „Кавадаречки фолклорни средби„ кои ќе траат два дена ќе настапат ансамлот „Македонија“, ансамблот „Тиквеш“, ансамблот „Пела“ од Грција и КУД „Јане Сандански“ од Неготино. Од програмата на „Кавадаречка културна есен“ ги најавуваме и следните настани: изложбата „Ресенски ликовни мотиви“, изложбата на Елизабета Костовска, промоцијата на книгата „Лет со умот кон папокот на универзумот“ од Љубомир Грбевски и гостувањето на штипскиот театар со претставата „Примка“. На 14 ноември е ден посветен на трите културни институции во Кавадарци, Домот на културата библиотеката „Феткин“ и Музеј-галери каде ќе се случува ликовен перформанс, поетско читање и дегустација на храна и вино. Утредента 15 Ноември затворањето на манифестацијата ќе биде на градскиот плоштад под мотото „Во виното е вистината“ со настап на „Акустико бенд“, Стево Волчев и пријателите и Трио Мањифико. Ми.М.