Културната манифестација „Денови на глаголицата во Истра“ ќе се одржи в сабота на 16 ноември.

На програмата има повеќе културни настани, меѓу кои посета на Водњан, Светвинченат и Жмињ; поетско-музичка етно вечер; академска вечер на која за животот на Светите Кирил и Методиј ќе говори парохискиот свештеник на МПЦ во Хрватска, протојереј ставрофор Кирко Велински; за патот на глаголицата и глаголското писмо во Истра и Кварнер ќе говори Драго Драгузет; ќе настапи МКД ИЖ „Св. Кирил и Методиј“ Пула, со мешовитиот пејачки хор и оркестар и соло-изведби на македонски песни и рецитации; Милена Златеска ќе рецитира авторска поезија; ќе има гости поети и поетеси од Истарската жупанија, а гостин ќе биде и фолклорниот ансамбл „Водњан“ од Водњан.

Покровители на манифестацијата се Советот за националните малцинства на Република Хрватска, Истарска жупанија и Град Пула.