Од светското кино

Јапонскиот филм „Вози го мојот автомобил“, на режисерот Рјусуке Хамагучи, го освои „златниот глобус“ за филм од неанглиско говорно подрачје, односно најдобар странски филм. Филмот, базиран на истоимениот расказ на романсиерот Харуки Мураками, неодамна ја освои главната награда и беше избран за три други награди од Американското друштво за филмски критичари, односно за најдобар филм, најдобра режија и најдобро сценарио, како и награда за најдобар актер на Хидетоши Нишиџима, кој го игра главниот лик. Филмот ја освои и наградата за најдобро сценарио на Канскиот филмски фестивал минатата година. Во декември, филмот освои и признание за најдобар филм и најдобро сценарио на наградите на Здружението на филмски критичари во Лос Анџелес.
Последен пат јапонски филм доби „златен глобус“ во 1960 година, кога филмот „Чудна опсесија“ на Кон Ичикава ја освои наградата за најдобар странски филм. „Златните глобуси“ се претходник на „оскарите“ во март, при што вниманието е фокусирано на тоа дали „Вози го мојот автомобил“ ќе биде номиниран во категоријата меѓународен долгометражен филм.

Расказот „Вози го мојот автомобил“ на Харуки Мураками раскажува за брачна приказна опфатена со тага, обвиткана во корумпирана студија за пријателство, раскажана на помалку од 40 страници. На прв поглед, се става во фокус вештина да се претвори една прецизно изработена минијатура во тричасовен филм. Критичарите велат дека вештата, мудра, мека адаптација на јапонскиот режисер Рјусуке Хамагучи воопшто не се чувствува како преголема екстензија на деликатен материјал на Мураками. Тоа е филм за врската помеѓу исповедта, креативноста и сексуалноста и бескрајната мистерија на туѓите животи и тајни. Јусуке (Хидетоши Нишиџима) е успешен актер и театарски режисер, кој меѓу другите улоги се подготвува да ја игра главната улога во „Вујко Вања“ на Чехов. Тој има сложена врска со својата сопруга Ото (Реика Киришима), успешен писател и ТВ-драматург, кој има навика гласно да мрмори за идеи за еротски раскази.
„Вози го мојот автомобил“ е експанзија на кратка приказна и можеби е точно да се каже дека раскажувачката естетика на Хамагучи овде, како и во другите негови филмови, е мозаик или кореографија на раскази, архипелаг на животи. Ликовите Јусуке, Ото, Који и Мисаки живеат свои приказни, а драмата ги надградува и преклопува како Венов дијаграм, истакнуваат критичарите.