На 56-то издание на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп вечерва ќе бидат прикажани две претстави. Во официјална конкуренција од 19 часот на сцената од ЦК
„Марко Цепенков“, театарот „Антон Панов“ од Струмица ќе ја изведе претставата „Бракот на Марија Браун“ од Фасбиндер, во режија на Драгана Таневска.

Од 22 часот. на сцената во театарот „Војдан Чернодрински“ настапува ФДУ со дипломската претстава за студенти „Семејство“, во класата на проф. Зоја Бузалковска и
доц. Александар Степанулески.

Во рамките на МТФ „Војдан Чернодрински“, денеска на пладне се одржа средба со актерката Добрила Ивановска Чабриќ, на која стана збор за нејзиниот професионален
ангажман низ годините и за книгата „Никогаш не е доцна“ што е во подготовка.

На фестивалот досега беа изведени четири претстави, односно настапија МНТ со „Народен непријател“, Драмски театар со „Моето име е Горан Стфановски“, Прилепскиот со „Декамерон“ и Албанскиот театар со „Јазли“. До крајот на фестивалот, до 9 јуни, ќе се прикажат уште четири претстави во официјална конкуренција, од кои една е вечерашната на Струмичкиот театар. Ка.М.