Од светското кино

Брилијантна, одлично осмислена хичкоковска приказна со висок фактор на морничавост е романот на Ијан Рид, „Се мислам да ставам крај“, по кој режисерот, сценарист и продуцент Чарли Кауфман го сними истоимениот филм во 2020 година. Рид (1980) е современ канадски писател, а ова е негово дебитантско дело преведено на повеќе од 20 јазици, по кое „Нетфликс“ го сними филмот во режија на Кауфман.
„Се мислам да ставам крај“ почнува со тоа како една безимената нараторка и нејзиното момче тргнуваат на пат, со цел да се сретнат со родителите на момчето на една изолирана фарма. Патувањето се претвора во вознемирувачко преиспитување на идентитетот, каењето и копнежот. Овој храбар и оригиналниот трилер е ингениозно искривоколчено кошмарно патешествие низ кревката психа на двајца млади љубовници.
Чарли Кауфман е автор на филмовите „Да се биде Џон Малкович“, „Адаптација“ и „Вечниот сјај на беспрекорниот ум“. Повеќето од неговите филмови се необични и збунувачки, но во последниот „Се мислам да ставам крај“ нештата се многу посложени, понејасни и поради тоа и многу пострашни.
Филмот има освоено 14 награди и 111 номинации.