Во Амбасадата на Македонија при Светата Столица вчера се одржа прием во пресрет на новогодишните и божиќните празници, на кој беше промовирам италијанскиот превод на одбрани драми од Горан Стефановски, под наслов „Teatro“, на иницијатива на кураторот на преводот, Ана Стефановска.
Амбасадорката Ефремова во своето обраќање се осврна на значењето на македонската литература и делото на Горан Стефановски, како еден од најистакнатите македонски драматурзи и автори на современата писателска генерација.
Презентација одржа преведувачот Ана Стефановска, која покрај сижето на целокупниот творечки опус на Горан Стефановски, презентираше и кратки апстракти за секоја од седумте селектирани драми во преводот.
Обраќање имаше и Фауста Сперанца, реномиранa писателкa и новинарка на Радио Ватикан, која даде свој осврт кон значењето на Стефановски како реномиран македонски автор, не само во промовирањето на македонската култура, туку и во развивањето на интеркултурните и транс културалните врски надвор од земјата.
Таа изрази надеж дека преводот на италијански јазик на делата на Стефановски значително ќе придонесе во насока на стимулирање на активности од овој вид.