Промоција на монографијата „АКТ – Театарот низ фотографии” од Кире Галевски ќе се одржи в петок (8 април) со почеток во 19 часот на големата сцена, во рамки на 77-годишнината од постоењето на МНТ.

Станува збор за театарски фотографии на дел од претставите изведувани на сцената на МНТ од 1993 година до денес.

Проектот на театарскиот фотограф, Кире Галевски, е во соработка со издавачот на монографијата – Македонски народен театар, а во монографијата како автори на есеите се потпишуваат: Искра Гешоска, Дејан Дуковски, Свездан Георгиевски, Нина Николиќ, Ѓорѓи Јолевски, Срѓан Јаниќијевиќ и Ивана Јарчевска.

Ликовното и графичкото уредување е на Зоран Кардула, а уредник е Билјана Црвенковска.