Краткиот игран филм „Проблемот на Тина“, во режија на Радован Петровиќ и во продукција на „Партизанс“ и „Кино око“, ја освои наградата „јелоу амбрела“ за најдобар краток филм во интернационалната селекција на „Балкан панорама филм фестивал“ што се одржува во Измир, Турција. Филмот победи во конкуренција на десет избрани филмови во интернационалната конкуренција од 350 пријавени филмови од поширокиот регион на Балканот.

Сценариото е на Румена Бужаровска, напишано според нејзиниот истоимен расказ. Главните улоги ги толкуваат Душица Настова, Жаклина Стефковска-Дрнасин, Јордан Симонов, Тамара Ристоска, Емилија Мицковска-Трајковиќ. Директор на фотографија е Андреј Лембанов, сценографка е Илина Ангеловска, костимографка е Жаклина Крстевска, шминката е на Ирена Сенокозлиоска, монтажери се Радован Петровиќ и Вардан Тозија, а дизајнот на звук е на Ристо Алчинов. Продуцент на филмот е Роберт Насков.

Филмот финансиски е поддржан од Агенцијата за филм на Република Северна Македонија.