Претставата „Мојот маж“, за која секогаш се бара билет повеќе, според истоимената збирка раскази на Румена Бужаровска, во режија на Јована Томиќ, во четвртокот, во Југословенскиот драмски театар беше изведена по педесетти пат. Јована Беловиќ и Сања Марковиќ играат во претставата, која својата премиера ја имаше на 18 април 2021 година, на сцената на Студио ЈДП, во присуство на писателката Румена Бужаровска. Драматург е Димитрије Коканов, костимографка Маја Мирковиќ, а композитор Лука Меѓор. Книгата на Румена Бужаровска ја преведе Ирена Шентевска.
Претставата „Мојот маж“ досега гостуваше на меѓународниот театарски фестивал МОТ во Скопје, фестивалот „Охридско лето“ во Охрид, белградски Белеф. Добитник е на награди за најдобра претстава на фестивалите во Бања Лука („Заплет 13“) и во Топола (Фестивал на дуодрама), а Јована Беловиќ и Сања Марковиќ ги поделија наградите за најдобри актерки на фестивалот.
На 7 и 8 мај претставата учествува на Фестивалот на мали сцени во Риека.