Поранешна електроцентрала што се наоѓа спроти Кремљ, во Москва, е претворена во културен центар. Проектот го финансира најбогатиот човек во Русија, Леонид Михелсон, со стремеж да го трансформира градот.
Изложбениот простор од 36.000 квадратни метри во срцето на руската престолнина, распослан на неколку згради на парцела од повеќе од два хектари, е изграден со огромен буџет. Особено ако се земе предвид дека величествената, но пропадната и деактивирана електроцентрала од почетокот на 20 век ја врати во живот познатиот италијански архитект Ренцо Пијано. Според официјалната агенда, ГЕС-2, задржано е поранешното име на електроцентралата што првенствено ја снабдуваше московската трамвајска мрежа, сега треба да се погрижи за креативна енергија во руската метропола.
Проектот го финансира Леонид Михелсон, кој важи за најбогат човек во Русија и кој ја предводи приватната компанија за гас „Новатек“, која ја има основано самиот, но се има прославено и како уметнички покровител и колекционер. Нето-богатството на Михелсон, според американскиот бизнис-магазин „Форбс“, изнесува повеќе од 24 милијарди долари.