Честа за отворање на годинашното 8-мо по ред издание на „Битола Шекспир фестивал“ му припадна на драмскиот театар „Александар Вегиерко” – Бјалисток од Полска со претставата „Макбет”.

Според режисерот Грегор Суски, изведбата на Драмскиот театар „Александар Вегиерко“ во Бјалисток е заснована на класичен текст, барајќи механизми кои ја одредуваат моќта, знаењето и човечкиот живот.

Шарени, интересни – понекогаш дури и сурови – женски ликови играат важна улога во поставката на „Магбет“ во Бјалисток.

Тоа се луѓето околу кои се одвива дејството: Лејди Макбет и Лејди Макдаф, но ликовите на вештерките се подеднакво важни. Тие – користејќи ја амбицијата на Макбет – го прават да сфати дека само ова е во него, што го нема – вели режисерот Суски.

Свеченото отворање на фестивалот е в петок во 20 часот во Народниот театар – Битола. Висината на цената на влезниците за сите претстави на фестивалот е само 150 денари. М.М.