Вчера, на 92 годишна возраст, по кратко боледување, почина писателот Радован П. Цветковски, поет, раскажувач, литературен критичар, есеист, писател за деца и млади и фолклорист.

Роден е на 03.09.1931 година во Сопотница, Демир Хисар.
Беше член на Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво Битола, Друштвото на фолклористи на Македонија и на Управниот одбор на списанието ,,Современост“.
Делата на Цветковски се застапени во повеќе антологии.
Добитник е на неколку значајни награди и признанија, меѓу кои и на „Книжевен жезол“ на ДПМ за 2019 година.

Погребот се изврши денес во 12 часот на градските гробишта во Битола.