Домот на млади од Панчево го распишува 45-от конкурс за Зборникот поезија и кратка проза од млади автори од просторите на поранешна Југославија – „Рукописи 45“.
Право на учество имаат автори помеѓу 15 и 30 години, кои пишуваат на екс-југословенските јазици и на јазиците на националните малцинства во Република Србија. Конкурсот ќе биде отворен до 20 февруари 2022 година.
– На конкурсот може да се учествува со поезија и/или кратка проза. Треба да се испратат: до 3 песни и/или раскази: песните не подолги од 2, а расказите не подолги од 3 чукани страници (значи, до 7000 карактери, големина на фонтот 12), потпишани со полно име и презиме, година на раѓање, адреса на живеење (државјанство ако авторот живее во странство), број на телефон и мејл. Ги молиме авторите личните податоци да ги внесат и во „телото“ на мејлот и на почетокот на фајлот со текстовите, исто така песните/расказите да бидат во еден Word документ, да не се испраќаат компресирано (ZIP, RAR итн.) и без екстерни линкови. Најпосле, да ги почитуваат правописните правила. Мејл-адресата на која треба се праќаат текстовите е: [email protected] (со назнака „за Рукописи 45“) – објаснуваат организаторите.
Конкурсот завршува на 20 февруари.
„Рукописи 45“ ќе излезе од печат на почетокот на мај оваа година, а во текот на мај планирана е и промоција во Панчево, односно тридневен фестивал.

„Рукописи“ излегуваат во Панчево од 1976 година, а ги отпочнал панчевскиот книжевник и гимназиски професор Момчило Параушиќ со намера да ги собира младите и талентирани панчевчани и да им даде можност да си ги објават текстовите. Првите броеви се печателе во Здружението на книжевниците Панчево и новинарското списание „Панчевац“, а потоа издавач станал Домот на млади Панчево, кој и денес ја негува оваа традиција долга 45 години. Кон крајот на осумдесеттите години од минатиот век, „Рукописи“ стануваат југословенски зборник, потоа едно време излегуваат како книга што ги собира авторите од Србија и Црна Гора, за во 2004 година повторно да станат издание отворено за авторите од некогашните југословенски републики, сега самостојни држави. Идејата се покажа како значајна од повеќе причини, но најважно е тоа што уредниците и издавачот секогаш веруваа дека младите автори треба да се читаат, да се запознаваат меѓусебно и да комуницираат на јазици што ги разбираат. Поради тоа „Рукописи“ станаа и книжевен фестивал, составен од придружна програма посветена на книжевноста.